Дома Трансфер зона Кеита го напушта Ливерпул и се сели во Серија А

Кеита го напушта Ливерпул и се сели во Серија А

Милан е силно заинтересиран за играчот за врска на Ливерпул, Наби Кеита, пренесува „Калчомеркато“.

Кеита на крајот на сезоната влегува во последната година од договорот, но нема намера да преговара со Ливерпул за продолжување на неговиот престој на „Енфилд“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кеита не е задоволен од својот статус во тимот и минутажата која ја добива, па е спремен да ја промени средината на крајот на сезоната.

Таквата ситуација сака да ја искористи Милан, кој во Кеита гледа идеална замена за Франк Кеси, на кого договорот му истекува во јуни и може да го напушти „Сан Сиро“.

Многу европски клубови се заинтересирани за неговиот потпис, па Милан ќе има сериозна конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…