Хозе Каљехон ова лето го напушти Наполи откако помина седум години во клубот од југот на Италија.
Веќе неколку недели се шпекулираше за негово враќање во Шпанија, наводно преговарал со Севиља и Бетис.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, сега пристигнуваа нови информации од Апенините кои говорат дека 33 годишниот офанзивец би можел и понатаму да игра во Серија А и тоа во дресот на Лацио.
Небесносините за Каљехон припремија договор на три години вреден 2.5 милиони евра плус бонуси, а клучна улога во преговорите би можел да има Пепе Реина.
Реина со сонародникот едно време ја деле соблекувалната во Наполи, а сега веројатно ќе се обиде да потпише за Лаицо кој во новата сезона ќе игра во Лигата на шампионите.
Каљехон во Наполи пристигна во 2013 година од Реал Мадрид за сума од 9.5 милиони евра и од овој клуб се прости со освојувањето на Купот на Италија. Дресот на Наполи го носеше на 350 натпревари, а преку 100 настапи забележа во Еспањол. За репрезентацијата на Шпанија собра пет настапи.