Дома Топ вести Каталонците доставија докази: Барселона оштетена за цели 10 бода!? (ВИДЕО)

Каталонците доставија докази: Барселона оштетена за цели 10 бода!? (ВИДЕО)

Барселона со три ремија на последните пет натпревари ја направи интересна борбата за титулата, бидејќи сега Атлетико е на само 5 бода до Каталонците.

Каталонците после ремито со Еспањол и Гетафе, во четвртокот ремизираја со Лас Палмас, но за тој кикс директно го обвинија судијата Лахоз. (ОВДЕ).

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Денес, најугледните каталонски медиуми направија детална анализа која покажа дека со судиски одлики на Каталонците им се одземени цели 10 бода оваа сезона!

Причината за сето ова е јасна, притисок на судиите пред големото дерби со Атлетико Мадрид за да не се случи нешто слично.

„Мундо Депортиво“ тврди дека судијата Лахоз покрај на мечот со Лас Палмас ги оштетил Каталонците за два бода и во дербито со Атлетико Мадрид кога не свирна пенал после играњето со рака на Савиќ.

Потоа познатиот детал од „Местаља“, Меси постигна гол, топката ја помина гол линијата за половина метар, но голот не беше признат, па мечот заврши 1:1.

Во декември Барселона одигра 2:2 со Селта, а судиите на тој натпревар му поништија чист гол на Луис Суарез бидејќи беше сигнализиран непостоечки офсајд.

И на крај две големи судиски грешки од последните недели. Прво на мечот со Гетафе кога на Меси не му беше досуден чист пенал и добро познатата ситуација на мечот со Лас Палмас.

„Мундо Депортиво“ заклучува дека на овој начин Барселона е оштетена за цели 10 бода, што значи дека би имала 15 бода повеќе од Атлетико и титулата можеше да биде освоена уште утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Неверојатно: Турскиот голман одбрани три пенали против тимот на Рома во само три минути (ВИДЕО)

Голманот на Лил, Берке Озер, направи вистински подвиг за помнење во второто коло од Лигата…