Вечерва Барселона заминува на гостување во Ла Лига. Само три дена подоцна пак, ги очекува дербито со Атлетико.
Во Барселона во пресрет на тие два натпревари, 180 минути во кои може да се осигура титулата, се жалат на распоредот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Овонеделниот распоред е тежок и против нас. Постојат многу прашање во врска со тоа, не е фер… Играме ден подоцна во однос на Атлетико и одиме на најдолг пат. Распоредот нас не става во иста положба со ривалите“, истакна тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде.
„Зошто челниците на лигата не размислуваат за нас? Зошто не се доследни? Како да заборавија дека во недела имаме толку важен меч“.
Валверде најави и дека би можел да одмори некои играчи за мечот против Атлетико.
„Тоа е една од можностите. Никогаш не сум сакал да размислувам за натпреварите кои следуваат. Секој натпревар е вреден три бода и мислите за Атлетико никаде нема да не однесат во овој момент“.
Барселона инаку, има четири бода предност во однос на Атлетико, но и натпревар помалку.