ЛА Лига на жестоките осуди и заканите со бојкот од здружението на фудбалери и капитени на клубовите поради намерата неколку првенствени натпревари да се играат во Америка одговори со понуда која не може да се одбие.
Здружението на фудбалери и капитени на фудбалски клубови како главна причина против преселбата на одредени натпревари во ЛА Лига ги истакнуваа навивачите, но сега навивачите добија понуда за бесплатен лет до Мајами и назад!
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денес каталонскиот „Спорт“ не само што потврдува дека првиот натпревар од Ла Лига кој ќе се игра во Америка ќе биде каталонското дерби Гирона – Барселона од 21 коло, туку ја откри и понудата која ја нудат шпанските и американските партнери.
Натпреварот ќе се игра на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, објект со пет ѕвезди и дом на Мајами Долфис, клуб во американскиот фудбал.
За навивачите на Гирона кои имаат годишни влезници предвидени се 1.500 бесплатни повратни летови за Мајами и ноќевање во хотелот после натпреварот.
Заинтересираните навивачи за овој аранжман мораат да платат влог од 600 евра, но истата сума ќе им биде вратена после враќањето од САД.
И тоа нема да биде се. Оние кои не скаат да патуваат до Флорида и назад за да го гледаат својот тим против Барселона ќе добијат, бесплатна влезница за истиот протовник на „Камп Ноу“, натпревар кој се игра на 23-ти овој месец. Осве тоа ќе биде вратен 20% од износот кој го платиле за годишната влезница.
Клубот Гирона кој треба да биде домаќин на овој натпревар исто така би добил четири милиони евра како оштета, што ќе се откаже од домаќинството за средбата да се одигра во САД.