Фудбалерите на Ливерпул синоќа беа поразени во финалето од Реал Мадрид со 3:1 на Олимпискиот стадион во Киев.
Црвените претрпеа по малку неверојатен пораз и тоа поради вина на голманот Кариус, кој направи две неверојатни грешки. Голманот на Ливерпул им го поклони првиот погодок на Кралевите кога неговата грешка ја искористи Бензема, а подоцна очајно реагираше кога Бејл од далечина го постигна третиот гол на Реал.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
После натпреварот сите очи беа упатени кон Кариус, но ретко кој одлучи да му се приближи и да му даде поддршка. Нормално, јасно беше дека тој е најголемиот трагичар, но сигурно дека му беше најтешко.
Сепак, Кариус не беше потполно осамен после последниот свиреж на судијата, а утеха му даде легендарниот играч на Ливерпул, Џејми Карагер.