Дома Фудбал Капело: Му кажав на Алегри да не се враќа во Јувентус

Капело: Му кажав на Алегри да не се враќа во Јувентус

Јувентус е во резултатска криза, тимот од почетокот на сезоната не е на нивото на кое очекуваа навивачите, а критики почна да добива и Масмилијано Алегри.

За викендот Јувентус беше поразен од Верона. Иако се критикува Алегри, поголемиот дел од стручните коментатори во Италија проблемот го лоцираат во фудбалерите. Искусниот Фабио Капело гостуваше во „РАИ“ каде што потенцираше дека Алегри ќе има тешка задача да ја спаси сезоната.

„Го советував Алегри да не се враќа во Јувентус, му кажав дека тој ќе биде виновникот ако работите не одат како што треба, иако доаѓа во тешка ситуација. Мислам дека фудбалерите не го даваат максимумот, тоа може да се забележи. Јувентус е во една комплицирана ситуација и ќе има проблеми да се врати на посакуваните патеки“, изјави Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио чекаше 16 години за ова: Гатузо на врвот, навивачите во бојкот!

Девет победи, едно реми и прво место во Серија А: Лацио го повтори достигнувањето на тимот…