Откако Благоја Милевски го наследи Игор Ангеловски и стана селектор на „А“ тимот на неговото место во У21 го наследи Драган Канатларовски.
Сега новиот селектор на Македонија до 21 година зборуваше за предизвиците со кои ќе се соочи заедно со неговиот тим.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
“Чувствувам уште поголема енергија, поголема сила и мотивација да се докажам на новата функција. Фудбалерите нека работат, нека бидат подготвени во секој момент да го остават срцето на терен за својата земја. Македонија до 21 година остави голем печат во изминатите години и ќе работиме максимално фокусирано да го повториме тој резултат”, изјави Канатларовски.