ПСЖ и понатаму е неприкосновен на првата позиција во Лига 1, но во неделата беше понижен од Лил со 5:1.
Оваа сезона одличниот Лил го разби ПСЖ со 5:1 и така на гигантот од Париз му го нанесе најтешкиот првенствен пораз во последните 19 години.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Навистина, црвениот картон за Бернат во 36-тата минута (при резултат 1:1) промени многу, но никој не очекуваше дека може да се случи ваков дебакл на моќниот ПСЖ.
Така ќе мораат да почекаат за потврда на новата титула шампион на Франција, а во ПСЖ после натпреварот посебно беа лути на главниот судија на натпреварот Беноит Бастиен кој во Лил го исклучи Бернат и поништи два гола на Мбапе.
Интересно е што Бастиен го судеше натпреварот помеѓу ПСЖ и Гуингамп порано оваа сезона во кој „светците“ се простија од Лига купот.
После натпреварот против Лил Бастиен добиваше големи критики, посебно од Мбапе. Бидејќи неговите зборови беа фатени на ТВ камерите постои можност да биде казнет од страна на Фудбалската Федерација на Франција.
„Овој исти судија ни го одзема Лига Купот, ни зима играчи, ни зима се“, зборуваше лутиот Килијан Мбапе.
Benoît Bastien refereed tonight & PSG’s Coupe de la Ligue exit vs. Guingamp earlier this season.
Kylian Mbappé: “This referee takes the Coupe de la Ligue from us, he takes our players from us, he takes everything.” (J + 1) pic.twitter.com/pZkAIZqU04
— Get French Football News (@GFFN) April 14, 2019