Дома Фудбал Камавинга: Тренинзите во Реал се тешки, но најтешко ми е поради јазикот

Камавинга: Тренинзите во Реал се тешки, но најтешко ми е поради јазикот

Младиот француски талент Едуардо Камавинга во последниот ден од преодниот рок пристигна во Реал Мадрид и веднаш воодушеви со своите настапи.

Камавинга постигна гол уште на своето деби за „кралевите“,  а сега откри што му е најтешко во новиот клуб.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Веднаш кога видов дека Реал е заинтересиран и сака да ме купи, не се размислував ни секунда. Кога дебитирав дакав само да му помогнам на тимот. На почетокот не славев бидејќи не очекував дека ќе бидам стрелец во првиот меч, но кога го видов судијата сфатив дека постигнав гол и беше лудо“, открива 18-годишниот играч за врска.

„Тренинзите во Реал веднаш ме импресионираа. После првиот тренинг бев многу уморен, но брзо се навикнав. Најтешко ми е поради јазикот, шпанскиот не ми оди добро“, додаде Камавинга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите слават, на повидок важен потпис во Милан

Милан постигна договор со голманот Мајк Мењан за продолжување на соработката, пренесуваат …