Maкедонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски ќе игра за титула во финалето на фјучерс тунриот во Монастир, Тунис.
Утрово Ивановски славеше победа во полуфиналето откако претставникот на Грција, Сакеларидис го предаде мечот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во моментот кога веројатно поради повреда Сакеларидис го предаде мечот Ивановски водеше со 1:0 во сетови и 3:0 во гемови во вториот сет и чекореше кон победата.
Финалето ќе биде уште една шанса за титула во кариерата на Калин. Противникот на Калин во борбата за титула ќе биде подобриот од денешниот меч помеѓу Елхаргуи од Мароко и Форти од Италија.