По поразот пред неколку дена во финалето Калин Ивановски започна нов турнир во Тунис и се пласираше во осминафиналето.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најдобриот македонски тенисер славеше победа против Ендрју Роџерс со 6:3 и 6:3 и така ја оправда фаворитската улога. Калин важеше за фаворит затоа што е прв носител на турнирот.




Во осминафиналето противник на Калин ќе биде полскиот тенисер Олаф Печковски.




Во финалето на претходниот турнир кој имаше награден фонд од 15.000 долари Ивановски беше поразен со 1:2 во сетови од домашниот тенисер Моез Ечаргуи.




Сепак и тој пораз беше доволен за да скокне девет места на АТП листата и сега е на 534. место што е негов најдобар пласман во кариерата.



