Дома Македонски спорт Калин се помести за една позиција на АТП листата, голем скок на Ѓорческа

Калин се помести за една позиција на АТП листата, голем скок на Ѓорческа

Нема големи промени, туку само мали поместувања на рангот кај македонските тенисери на најновата ранг листа.

Калин Ивановски има скок од едно место со 176 поени се наоѓа на 307.та позиција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Горазд Србљак е рангиран на 1134.то место со 8 поени (скок едно место), додека Обрад Марковски е на 1226.то место со 6 поени (напредок шест позиции).

Во конкуренција на двојки Ивановски има пад од две места (619) со ист број поени 81, додека Марковски е на 1026.то место со 32 поена.

Берг Бугариќ е рангиран на 1329.то место – 16 поени, а Србљак е 1929.ти со 4 поени. Пласман во конкуренција на двојки има и Елдин Хусеиновиќ – 2034.то место со 3 поени.

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа има скок од десет места на денеска објавената ранг листа на ВТА. Напредокот се должи на финалето минатата недела на фјучрсот во Осиек. Лина има 315 поени и се наоѓа на 237.то место.

Со ист број поени како и претходната недела – 5, Магдалена Стоилковска е рангирана на 1351.то место и има пад за шест места.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа е на 282.то место со 285 поени (скок за две позиции), додека Александра Симева е рангирана е на 1433.то место со 8 поени (подобар пласман за три места).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Алкараз после голема борба во четвртфинале во Мадрид

Карлос Алкараз во меч кој траеше речиси три часа Шпанецот го победи Штруф  и се …