Дома Тенис Калин остана без финале во Дубровник: Елиминиран во полуфиналето во двојки

Калин остана без финале во Дубровник: Елиминиран во полуфиналето во двојки

Македонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во финалето на турнирот во двојки во Дубровник.

Денес со својот партнер, Лука Микрут беа поразени во полуфиналето со 6:7 и 3:6 за час и половина игра од Адам Тејлор од Австралија и Ерик Вашелболм од Украина.

По израмнетиот прв сет, еден момент одлучи се во тајбрејкот, па македонско-хрватскиот тандем загуби со 7:9 и така противниците поведоа со 0:1 во сетови. Во вториот сет се играше изедначен меч се до четвртиот гем кога го изгубија својот сет.

Тејлор и Вашелболм беа сигурни на свој сервис и го искористија брејкот за победа и финале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Зверев го симна Синер од врвот: Првпат е светски број еден!

Александар Зверев стана 30-тиот тенисер на врвот на АТП-листата. Пласманот во четвртфинале…