Дома Македонски спорт Калин меѓу најдобрите осум на фјучерс турнирот во Грција!

Калин меѓу најдобрите осум на фјучерс турнирот во Грција!

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски ќе игра меѓу најдобрите осум на фјучерс-турнирот во Ираклион, Грција кој се игра на тврда подлога.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во осминафиналето Калин беше подобар од Марлон Ванкан. Немаше проблеми македонскиот тенисер со Германецот и експресно го победи со 6:3 и 6:1. Во следната фаза Калин за место во полуфиналето ќе се бори со Јакуб Ницод од Чешка.

Треба да се спомене дека противникот на Калин е 1.174 тенисер на АТП листата, па затоа ќе влезе како голем фаворит. Наградниот фонд на турнирот изнесува 15.000 долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ѓорческа ќе игра против Шпанка во првото коло од квалификациите за Вимблдон

Лина Ѓорческа го дозна името на својата прва противничка во квалификациите за Вимблдон. Ка…