Maкедонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски иако беше поразен во вчерашното финале на фјучерс тунриот во Тунис од Моез Ешраги со 1:2 во сетови на најновата АТП ранг листа го има најдобриот ранкинг во кариерата.
Неделата Ивановски ја започнува со скок од девет места и сега се наоѓа на 534. позиција и е уште еден напредок во неговата кариера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кога е врвот во прашање, таму по осум месеци се врати Новак Ѓоковиќ. Ѓоковиќ е лидер со 7.070 поени и сега е пред Алкараз кој на Австралија Опен не настапи поради повреда па остана на 6.730 бодови.
Противникот на Новак во финалето Стефанос Циципас е трет со 6.195 бодови потоа следуваат, Каспер Руд, Андреј Рубљов, Рафаел Надал, Феликс-Оже Алијасим, Тејлор Фриц, Холгер Руне и Хуберт Хуркач.