Македонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски вчера го освои ИТФ турнирот во Мадрид со што го забележа најголемиот напредок во кариерата на АТП листата.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ивановски скокна 17 позиции и денес се најде на 610. позиција. Треба да се спомене и дека во последните четири месеци Калин напредуваше за 464 позиции.




Напредокот е сосема заслужен затоа што во тој период Ивановски освои три титули на фјучерс турнирите.




Кога во прашање е врвот на ранг листата таму нема промени. Лидер и понатаму е Карлос Алкараз, а потоа следуваат Рафаел Надал, Каспер Руд и Стефанос Циципас.