Дома Македонски спорт Калин Ивановски подобар од Италијанецот Бондиоли за четвртфинале во Мадрид

Калин Ивановски подобар од Италијанецот Бондиоли за четвртфинале во Мадрид

Калин Ивановски продолжува со одличните настапи натурнирот во Мадрид и денес дојде до сигурна победа против Федерико Бондиоли од Италија со 2:0 (6:3, 6:4).

На стартот Бондиоли го нападна македонскиот тенисер, но Ивановски успешно одбрани една брејка шанса, па го одзема сервисот на 6:2. Тука Италијанецот ја загуби концентрацијата и влезе во серија грешки. Ивановски го доби сетот со 6:3.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вториот сет започна слично како првиот, Бондиоли не искористи три брејк топки, па така стигна казната во петиот гем кога Ивановски направи брејк за 3:2. Таа предност Македонецот ја задржа до крајот за победа од 6:4.

Во четвртфиналето Ивановски ќе игра против Алан Фернандо Рубио Ферос кој беше подобар од првиот носител на турнирот Андриа Сориено Барера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Куманово објави ново видео: Погледнете како се „поздравува“ играчот на Шкендија 🎥

Изминатите неколку дена во центарот на вниманието на македонската фудбалска јавност е дерб…