Maкедонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски уште на стартот го заврши настапот на челинџерот во Скопје.
Имаше поддршка Калин од домашната публика, но тоа не беше доволно да слави против Хрватот, Дино Призмиќ кој беше многу подобар на теренот. Првиот сет донесе израмнета игра, а Калин спаси три брејк-топки 4:5, но сепак потклекна во клучните моменти и го загубот сетот со 4:6.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вториот сет донесе доминација на Призмиќ кој дозволи само еден гем на македонскиот тенисер.
За Ивановски кој во овој момент е 415. тенисер во Скопје ова беше прв настап на турнир со награден фонд од 75.000 долари.