Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски има историски скок од дури 69 позиции на АТП листата со што дојде до својот најдобар ранкинг во кариерата на 541. место.
Пред осум дена Калин го освои третиот пехар во неговата кариера откако триумфираше на фјучерсот во Мадрид. Еден ден потоа напредуваше 17 позиции, за сега да има огромен напредок од 69 места.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На врвот и понатаму прв е Шпанецот, Карлос Алкараз, пред сонародникот Надал, а зад нив следуваат Каспер Руд, Циципас, Ѓоковиќ…
Коментари