Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски обезбеди полуфинале на турнирот во Тунис и ја потврди одлучната форма.
Калин денеска беше подобар од Французинот, Артур Букие со 2-0 во сетови. Првиот сет помина во доминација на Ивановски, кој го доби со 6-2, по што Французинот даде поголем отпор во следниот сет (7:5).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ивановски ја запиша третата победа на турнирот и тоа без загубен сет, а засега нема загубено сет и во полуфинале ќе се бори против Тао Му или Федерико Јаноконе.
Коментари