Новото засилување на Милан, Матија Калдара ќе отсуствува неколку месеци од терените поради повреда на препоните.
Калдара пристигна како големо засилување на „Сан Сиро“ во трампа со Бонучи, но немаше среќа и се повреди на првиот свој натпревар за „росонерите“ во Лига Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најновите лекарски прегледи покажаа дека повредата е сериозна и ќе отсуствува од терените во наредните три месеци. Поради тоа раководството на Милан сака да донесе еден дефанзивец во зимскиот преоден рок.
Италијанските медиуми открија неколку имиња кои се на радарот на миланскиот гигант. Првиот е Родриго Кајо, бразилски репрезентативец кој настапува за Сао Паоло и за кој се интересираат неколку европски гиганти.
Најголема желба на „росонерите“ е Стефан Савиќ, но тешко дека Атлетико е спремен да го пушти на средина од сезоната.
Третата опција е Ерик Баи од Манчестер Јунајтед кој оваа сезона кај Жозе Мурињо не добива голема минутажа.