
Ѕвездата на Лион, Мемфис Депај беше на чекор од Барселона. Практично се беше договорено, но трасферот пропадна во последен момент.
Барселона не можеше да му ги исплати на Лион договорените 25 милиони евра и се повлече од трансферот во последниот ден од преодниот рок.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Причина за тоа е Осман Дембеле, кој реши да остане на „Камп Ноу“, па не ослободи место за доаѓање на Холанѓанецот.
Барселона немаше голем простор за „маневар“ бидејќи е во голем минус кога се финансиите во прашање, па мораше прво да се ослободи од Дембеле за да го доведе Депај.
Французинот беше мета на Манчестер Јунајтед, но откако одби да се пресели на „Олд Трафорд“, го блокираше трансферот на Депај во Барселона.