Дома Трансфер зона Каков кикс: Левандовски во 2010 дошол на прегледи во Серија А, клубот го откажал трансферот!

Каков кикс: Левандовски во 2010 дошол на прегледи во Серија А, клубот го откажал трансферот!

Роберт Левандовски во 2010 година бил пред потпис со Џенова, бил толку блиску што пристигнал и на медицински прегледи.

Поранешниот спортски директор на Џенова, Стевано Капозуча откри дека полскиот напаѓач бил блиску до потпис со сегашниот тим на Горан Пандев. Трансферот во последен момент бил стопиран од Енрико Презиоси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во тоа време Гасперини беше тренер на Џенова, го познаваше Левандовски и сакаше да го доведе. Се беше договорено, тој пристигна тука, требаше да ги помине само медицинските прегледи, но тогаш Презиоси поради некоја причина се откажа од трансферот“, изјави Капозуча.

Интересно е што Џенова во 2018 година го доведе Криштоф Пјонтек кој до пред оваа сезона играше во одлична форма и се најавуваше како наследник на Левандовски во полската репрезентација. Сепак кариерата на Пјонтек засега не се развива како што се очекуваше, не се снајде во Милан и сега го носи дресот на Херта во Германија.

Инаку, Левандовски во тоа време требало да биде замената за Диего Милито кој се пресели во Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…