Дома Останати Кошарка НБА Каков ден за Лејкерси: Потпишаа Леброн и Дејвис!

Каков ден за Лејкерси: Потпишаа Леброн и Дејвис!

Леброн Џејмс и Ентони Дејвис и официјално потпишаа нови договори со шампионот во НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерси.

Дејвис стави потпис на петгодишен договор вреден 190 милиони долари. Неговиот агент потврди дека 27 годишниот кошаркар има опција да ја заврши соработката пред петтата година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Во балонот во Орландо, Ентони Дејвис докажа дека е еден од најкомплетните и најдоминантните играчи. Навивачите на Лејкерси ќе имаат прилика да го гледаат како се развива и ја предводи нашата франшиза во годините кои доаѓаат“, порача генералниот менаџер шампионот Роб Пелинк.

Леброн ја продолжи соработката со Лејкерси на уште две години за 85 милиони долари.

„Продолжувањето на договорот на Леброн му овозможува да ја зацврсти својата позиција во Лејкерси“, додаде Пелинк.

Актуелниот шампион ќе ја започне сезоната на 22. декември со дуелот против градските ривали, Клиперси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…