Дома Топ вести Какви засилувања: Челзи за само еден ден потроши 140 милиони

Какви засилувања: Челзи за само еден ден потроши 140 милиони

Челзи за еден ден потроши 140 милиони на три засилувања.

Челзи заврши три трансфери вредни 140 милиони евра. Доаѓаат Бакајоко од Монако, Рудигер од Рома и Алекс Сандро од Јувентус. Во нападот се уште сакаат да го видат својот поранешен играч, Ромелу Лукаку кој нема ништо против да си замине од Евертон во потрага по натпревари во ЛШ и трофеи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Заминувањето на Натан Аке и Тери, на кого Антонио Конте не сметаше, условеше со доаѓање на нов дефанзивец, па Рудигер од Рома ќе го носи синиот дрес четири години. Тој може да ја покрие и позицијата десен бек, но и да игра стопер во формацијата 3-5-2.

Ова е само почеток, а Конте заврши уште две работи. Првиот е Алекс Сандро. За Бразилецот ќе бидат потребни 70 милиони евра и тој ќе стане најскапото засилување на Челзи во историјата на клубот, а вооедно и најскапиот трансфер на дефанзивец во историјата на фудбалот

Третото име е Тимуе Бакајоко, чиј трансфер го чека и Немања Матиќ за да се пресели во Јунајтед. Условите со фудбалерот на Монако се договорени, сумата ќе биде поголема од 40 милиони евра со бонуси и Италијанецот инсистира работата да биде завршена што поскоро.

По тоа, сите очи ќе бидат свртени кон целта број 1, напаѓач, веќе се знае дека во прашање е Лукаку кој Челзи би можел да го чини околку 100 милиони евра. Конте сака комплетен тим на располагање пред натпреварот против Арсенал кој ја отвара сезоната на почетокот на август, во прашање е дуелот на шампионот и освојачот на купот на „Вембли“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…