Дома Трансфер зона Каква грешка: Милан одбил да ја донесе новата ѕвезда на Челзи

Каква грешка: Милан одбил да ја донесе новата ѕвезда на Челзи

Италијанските медиуми откриваат за пропаднат трансфер на Милан, со што уште еднаш се потвди лошата трансфер политика на „росонерите“ во последно време.

Имено, Милан бил многу блиску до ангажман на Таму Абрахам, кој оваа сезона е вистинско откритие во Премиер лигата во дресот на Челзи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот напаѓач минатата сезона играше одлично во дресот на Астон Вила и ова лето се врати во Челзи, но „сините“ првично сакале да се ослободат од него.

Милан имал можност да го донесе на „Сан Сиро“ и трансферот бил блиску до реализација, но „росонерите“ во последен момент се откажале и ги стопирале преговорите.

Веднаш се покажа дека тоа е огромна грешка на „росонерите“ кои после четири одиграни кола во Серија А имаат постигнато само да гола. Од друга страна Абрахам постигна 7 гола на шест меча за Челзи оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…