Дома Трансфер зона Каде што застана во Јуве, продолжува во Интер: Марота има листа од пет слободни агенти

Каде што застана во Јуве, продолжува во Интер: Марота има листа од пет слободни агенти

Она што го правеше во Торино Бепе Марота го продолжува во Интер, тоа е неговиот рецепт за успех.

Јувентус во изминатата деценија доведе голем број играчи без оштета. Марота стана вистински мајстор за доведување на слободни агенти и таа навика сака да ја практикува и во Интер.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Минатото лето Годин пристигна бесплатно од Атлетико како големо засилување, а повеќе од Марота се очекува во наредниот преоден рок.

Наводно веќе составил листа од пет фудбалери кои остануваат без договор. Првото и најзвучно е Кристијан Ериксен, играч кој многу клубови ќе сакаат да го доведат во своите редови, неговиот договор истекува на лето. Соиграчот на Ериксен, Вертонген е во иста позиција и Конте покажал интерес за него затоа што е фудбалер кој е навикнат да игра со тројца во последната линија.

Интер има проблеми со страничните позиции и на тие позиции Мение и Курзава од ПСЖ ќе бидат слободни. Вториот кој игра по левата страна би требало да биде приоритет.

И на крајот, Дрис Мертенс. Некои медиуми пишуваат дека со него работата е скоро завршена. Белгиецот наводно прифатил плата од шест милини евра по сезона. Интер за него е подобра опција од Кина од каде што се поврзуваше со неколку клубови. Од друга страна останување во Наполи после се што се случуваше тешко може да се очекува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…