Дома Трансфер зона Кавани одбил одлична понуда од Манчестер Јунајтед

Кавани одбил одлична понуда од Манчестер Јунајтед

Уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани многу веројатно на крајот од сезоната ќе го напушти ПСЖ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кавани со доаѓањето на Мауро Икарди го изгуби местот во стартниот тим на ПСЖ и во досегашниот дел од сезоната одигра само девет натпревари во Лига 1 и постигна два гола.

Со ПСЖ Кавани има договор до крајот на сезната и станува јасно дека ќе го напушти „Паркот на принцовите“ како слободен играч. Кавани најмногу се поврзува со Атлетико Мадрид, а интерес за него покажал и Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ му понудиле да го доведат овој месец и на ПСЖ да му платат 20 милиони евра. На Уругваецот му нуделе одлични финансиски услови, меѓутоа тој им кажал „не“.

Јунајтед на 32 годишниот напаѓач му понудил десет милиони евра по се зона, плус неколку милиони онус. Сепак, Кавани ја одбил понудата и веројатно на лето како слободен играч ќе избере каде ќе ја продолжи кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…