Вистинска драма се случуваше на дирекниот дуел помеѓу Италија и Хрватска, кој на крајот заврши со резултат 1:1 и ги однесе „аѕурите“ во нокаут фазата.
Првото полувреме двете репрезентации играа резервирано без многу шанси, а најзрелата ја имаше Бастони, но Ливаковиќ му одбрани зицер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во вториот дел Хрватска тргна на се или ништо, нападна со сите сили, а Италија чекаше шанси од контранапади. Во 57-та минута беше досуден пенал, но Донарума го одбрани шутот на Модриќ.
Сепак, во продолжение на акцијата Модриќ успеа да погоди за водаство од 1:0, кое беше на сила се до судиското продолжение.
Кога сите очекуваа дека Хрватска ќе стигне до победа, Закањи во 98-та минута погоди за израмнување 1:1, резултат кој ја однесе Италија во осминафинале.
🚨 GOAL: Croatia 1-1 Italy!
— Euro 24 Hub (@Euro24Hub) June 24, 2024
ZACCAGNI WITH A BEAUTIFUL FINISH! 🇮🇹 pic.twitter.com/AsyP2QLWGw
На вториот меч вечерва Шпанија ја победи Албанија со 1:0 за максимални девет бода во групата.