Дома Македонски спорт Италија не ни помогна: Ремизираше со Шведска во натпревар со 14 голови

Италија не ни помогна: Ремизираше со Шведска во натпревар со 14 голови

Футсал репрезентацијата на Македонија немаше среќа да стигна до елитната фаза од квалификациите за Мундијалот затоа штто вечерва Италија која беше фаворит одигра само реми со Шведска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот донесе 14 голови, а резултатот на крајот беше 7:7. На нас ни беше потребна победа на Италијанците поради послабиот меѓусебен дуел со Шведска. Во второто коло изгубивме од Шведска со 2:5, додека пред три дена победивме со 3:1.

За Шведска на овој натпревар Содерквист постигна хет-трик, Гаши додаде два, а по еден псотигнаа Диаз и Хисени. За Италијанците по два гола постигнаа Марсело, Мусумечи и Исгро, еднаш во листата на стрелци се запиша Јансон.

Македонија квалификациите ги заврши со четири бода и со ист број на бодови со Шведска сме последни, додека Италија е прва со осум освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…