Според најновите информации на италијанските медиуми, Давиде Астори не починал како последица од срцев удар.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Откако Астори беше пронајден мртов во хотелска соба, првите прогнози беа дека смртта настапила поради срцев удар, но италијански „Раи“ денес објави дека причина за трагичната смрт на фудбалерот е излив на крв во мозокот.
31 годишниот Астори почина во сон ноќта помеѓу саботата и неделата, а бил пронајден утрото откако не се симнал на појадокот и не одговорал на повиците.
По трагичниот настан претседателот на Фиорентина откри дека Астори денес требало да го потпише новиот договор со кој би ја завршил кариерата во Фиренца.