Дома Топ вести Италијанците откриваат: Сопругата на Модриќ е причината поради која тој може да заврши во Интер!

Италијанците откриваат: Сопругата на Модриќ е причината поради која тој може да заврши во Интер!

Навивачите на Интер сонуваат за Лука Модриќ и денес продолжуваат вестите поврзани со потенцијалниот трансфер на Хрватот во Серија А.

Утрово во медиумите се појави веста дека Лука Модриќ кој во овој момент е во Италија (на одмор), сака трансфер во редовите на Интер, а се би требало да биде појасно после најаваниот состанок помеѓу него и Перез кој е закажан за идната недела.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега на Апенините стигнаа до информации дека ако Модриќ го засили Интер големи заслуги ќе одат на неговата сопруга која е и негов агент, Вања Босниќ.

Имено, таа заедно со останатите претставници на Модриќ одржала разговор со управата на Интер и наводно им се обратила со следните зборови: „Го сакате ли Лука Модриќ“?

Ситуацијата дополнително ја подгреа фотографијата од Мундијалот која ја објави Брозовиќ, а истата сега и тоа како доби актуелност. На споменатата форографија, Брозовиќ се ракува со Модриќ, а додаден е и опис: „Падна договор“…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн Минхен спреми рекордна понуда за Тео Хернандес

Баерн Минхен на лето најверојатно ќе остане без Алфонсо Дејвис, па веќе ја започна потрага…