Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Италијанците загрижени: Тројца фудбалери го пропуштија последниот тренинг поради повреди

Италијанците загрижени: Тројца фудбалери го пропуштија последниот тренинг поради повреди

Дел од репрезентациите имаат проблеми со повреди пред почетокот на Европското првенство, една од тие репрезентации е Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми денеска пренесуваат дека тројца фудбалери од средниот ред: Николо Барела, Давиде Фратези и Николо Фаџоли се здобиле со повреди и го пропуштиле последниот тренинг.

Повредата на Барела не е новост бидејќи поради болки во мускулите ги пропушти и последните два подготвителни натпревари.

Засега не е познато за што точно се работи и дали е нешто сериозно во прашање. Европското првенство стартува во петок, а Италија првиот натпревар го игра против Албанија на 15. јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Челзи го донесе Морган Роџерс за 137 милиони евра

Челзи го комплетираше еден од најголемите трансфери за време на летниот преоден рок. Морга…