Дома Трансфер зона Италијанско дерби за Марсијал

Италијанско дерби за Марсијал

Манчестер Јунајтед во јануари ќе му ја отвори излезната врата на Антони Марсијал, пренесуваат медиумите на Островот.

Французинот минатото лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не добива голема минутажа кај Тен Хаг.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат во јануари бидејќи не сакаат да го загубат без обештетување на крајот на сезоната.

Французинот исто така е спремен да ја промени средината, а за него најсилен интерес покажуваат италијанските гиганти Интер и Јувентус.

Двата клуба веќе се во контакт со агентот на Марсијал, па неговото доаѓање во Серија А е извесно, но останува да се види кој клуб ќе го избере.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…