Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Милан се сериозно заинтересиран за Матео Ковачиќ.
Јувентус на лето ќе прави реконструкција на тимот, заминуваат Рабио и Паредес, па Ковачиќ ќе биде на врвот на листата желба на „старата дама“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан исто така е во потрага по квалитетен играч за врска, а Пиоли го посочил Хрватот како идеално засилување за средниот ред.
Според најавите „сините“ се спремни да го пуштат 28 годишниот Ковачиќ на кого договорот му истекува следното лето доколку пристигне понуда од 35 милиони евра.
Челзи го купи Енцо Фернандез во јануари, па јасно е дека минутажата на Ковачиќ додатно ќе се намали, па и тој е спремен да ја промени средината.
Двата клуба веќе ја започнале битката за неговиот потпис и на лето ќе се обидат да го донесат во Серија А.