Италијанските медиуми пренесуваат дека напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус на лето би можел да се пресели во Серија А.
Одличниот Бразилец има договор со „граѓаните“ до лето 2023 година, но бидејќи нема најави за продолжување Сити е спремен да го продаде.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ситуацијата внимателно ја следат Милан и Јувентус кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Двата клуба се во потрага по квалитетен напаѓач, и во Габриел Жесус гледаат идеално засилување во нападот.
Оваа сезона Жесус има 32 настапи за Манчестер Сити на кои постигна 7 гола и 10 асистенции, а неговата цена изнесува околу 40 милиони евра.