Дома Трансфер зона Италијански медиуми: Барселона и Сити во битка за играчот на Јувентус

Италијански медиуми: Барселона и Сити во битка за играчот на Јувентус

Според пишувањата на италијанските медиуми, Барселона и Манчестер Сити го посакуваат во своите редови играчот на Јуве, Родриго Бентанкур.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Уругваецот кој ова лето наполни 22 години пристигна во Јувентус од Бока Јуниорс во 2017. година за 12,5 милиони евра, а оваа сезона запиша девет настапи во дресот на Старата дама.

Претходната сезона беше добра за Бентанкур кој одигра 40 натпревари и постигна два гола, а Јувентус на крајот од летниот преоден рок одби понуда од Манчестер Сити.

Во клубот од Торино има вишок на играчи во средниот ред, па тука покрај Бентанкур се Арон Ремзи, Матуиди, Емре Џан, Рабио, Сами Кедира и Миралем Пјаниќ.

Поради тоа Барселона и Сити ја следат целата ситуација и чекаат прилика да тргнат по играчот на Јуве.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Прв голем летен трансфер: Ентони Гордон потпиша со Барселона

Крилото на Њукасл, Ентони Гордон, официјално премина во Барселона. Каталонскиот клуб го по…