Еден од моментално најконтровезните и најпознати фудбалски брачни парови на светот, Мауро Икарди и Ванда Нара, според тврдењата од италијанските медиуми, се наоѓа во центарот на секс скандал и семејна драма.
Според последните информации сексапилната русокоса убавица го изневерувала Аргентинецот Икарди и тоа со негов клупски колега од Интер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека напаѓачот на Интер Мауро Икарди одлучил да побара развод откако наводно дознал дека неговата избраничка Ванда го изневерува со колегата, Хрватот Марсело Брозовиќ.
Хрватскиот репрезентативец не се огласувал некое време за потоа преку Инстаграм најостро да ги осуди овие шпекулации, подоцна тоа го сторил и преку својот адвокат.
„Наведената вест, освен тоа што е лажна, исто така е и сериозна клевета која фрла сомнеж на моралноста и имиџот на фудбалерот. Оваа клевета не ја преставува вистинската состојба на работите во целиот овој случај“, пишува во изјавата на Брозовиќ објавена преку неговиот адвокат.
Nuova storia di #WandaNara: brucia due foto con lei e #Icardi pic.twitter.com/0A8tlurevO
— calciomercato.com (@cmdotcom) February 18, 2019
Целата работа околу евентуалниот развод на познатиот брачен пар ја подгреа видеото објавено од атрактивната Ванда на кое може да се види како провокативната русокоса ги пали сликите со Икарди.
Јасно е дека Икарди имал проблеми во соблекувалната со соиграчите, по што Интер одлучи да му одземе капитенската трака.