Дома Фудбал Италија Италијанските медиуми: Донарума е „чудовиште“

Италијанските медиуми: Донарума е „чудовиште“

Милан синоќа се спаси од пораз против Лацио со голот на Сусо во 85-та минута, а за играч на мечот беше прогласен голманот на „росонерите“ Џанлуиџи Донарума.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот чувар на мрежата правеше чуда на голот и едноставно беше несовладлива пречка за противниците. Единствениот гол го прими од пенал, притоа беше многу блиску да го одбрани шутот на Биглија.

17-годишниот вонсериски талент имаше вкупно девет одбрани на мечот, од кој една двојна со која ги остави во неверување противничките фудбалери.

Италијанските медиуми денес го нарекова Донарума „чудовиште“ и претендент во наредните години да стане број еден во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сити му ги продава на големиот ривал двајцата напаѓачи за дури 151 милион евра

Тотенхем е на прагот на еден од најголемите договори во овој преоден рок, а лондонскиот кл…