Дома Трансфер зона Италијанецот призна: Ова лето ја одбив Барселона!

Италијанецот призна: Ова лето ја одбив Барселона!

Напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње призна дека Барселона сакала да го доведе во своите редови ова лето, но Италијанецот сепак одлучил да остане на „Сан Паоло“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона ова лето беше во потрага по замена за Нејмар, една од желбите беше и Лоренцо Инсиње, кој сепак се одлучи да остане во Наполи.

„Горд сум што донесов одлука да останам во Наполи. Сите знаеме дека Барселона е најдобриот тим на светот. Јас секако дека би сакал да играм со шампиони како Меси и Суарез, но сега сум фокусиран само на Наполи. Јас сум роден во Неапол, го сакам клубот и сакам да освојувам трофеи со Наполи“, откри Инсиње.

Барселона ова лето го доведе Осман Дембеле за 105 милиони евра од Борусија Дортмунд, но Французинот заработи повреда и ќе отсуствува до јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…