Австралискиот тенисер Ник Кирјос беше гостин во новата серија на „Нетфликс“ која е тениски документарец и ги следи најталентираните играчи.
Првата епизода му беше посветена на австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјос кој стана еден од најконтроверзните тенисери.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кирјос во серијата зборуваше за борбата за неговото ментално здравје, додека на гледачите ситуацијата се обидоа да ја објаснат и неговата девојка Костин Хаци и менаџерот Даниел Хорсфал.
„Првите четири или пет години од мојата кариера беа хаотични. Кога Хорсфал беше на турнеја со мене забележа дека моето ментално здравје не е најдобро.
Ја губев контролата врз мојот живот, пиев секоја ноќ“, кажа Кирјос.