Дома Фудбал Иско донесе конечна одлука за својата иднина!

Иско донесе конечна одлука за својата иднина!

Старо-новиот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан тврди дека се уште не донел одлука за тоа кои од фудбалерите може да го напуштат „Сантиаго Бернабеу“ ова лето.

Меѓутоа, еден од фудбалерите за кој силно се шпекулира дека ќе замине, Иско, веќе го направил својот избор. „Марка“ тврди дека Шпанецот донел конечна одлука да остане на „Сантиаго Бернабеу“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Поради таа причина Иско во последните седмици ги одби сите можни обиди за преговори од страна на агентите и посредниците од другите клубови. 27-годишниот плејмејкер верува дека со враќањето на Зидан ќе успее да ја врати врвната форма.

Оваа сезона беше „кошмарна“ за Шпанецот, кој не можеше да најде заеднички јазик ниту со Лопетеги, а особено со Сантиаго Солари, со кого влезе во отворен конфликт.

Тоа влијаеше на неговата форма и често ја грееше клупата за резерви, па се погласни беа шпекулациите дека тој на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид, иако има договор со „кралевите“ до 2022 година.

Меѓутоа, останува да видеме дали Иско ќе ја „преживее“ реконструкцијата во Реал ова лето, бидејќи се очекува доаѓање на нови ѕвезди и на многу од актуелните фудбалери ќе им биде отворена излезната врата.

Според шпанските медиуми дури ни фудбалери кои важеа за омилени на Зидан како: Каземиро, Модриќ, Крос и Марсело немаат загарантирано место во тимот за следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…