Дома Трансфер зона Иранец руши рекорд и доаѓа во Премиер лигата

Иранец руши рекорд и доаѓа во Премиер лигата

Фудбалската репрезентација на Иран на Светското првенство остави одличен впечаток и покрај елиминацијата во групната фаза.

Победата над Мароко, ремито со Португалија и минималниот пораз од Шпанија дефинитивно се резултати со кои Иран може да се гордее, а некои репрезентативци оставија одличен впечаток и си осигураа трансфер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Еден од нив е Ализер Јаханбакш, 24-годишен крилен напаѓач кој во наредните денови треба да потпише за Брајтон. Тој е моментално фудбалер на АЗ Алкмар, а минатата сезона беше прв стрелец во лигата со 21 гол на 33 натпревари.

Иранскиот напаѓач е на добар пат да го сруши клупскиот рекорд на АЗ бидејќи холандскиот клуб од неговата продажба ќе инкасира 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Депај повторно ќе бара нов клуб

Како што стојат работите, Мемфис Депај во новата сезона ќе има нов клуб. Откако не успеа д…