Дома Трансфер зона Интер спреми понуда за Џеко

Интер спреми понуда за Џеко

Интер ова лето повторно ќе се обиде да го донесе напаѓачот на Рома, Един Џеко, пренесуваат италијанските медиуми.

Босанецот минатото лето беше голема желба на Антонио Конте, но двата клуба не можеа да најдат заеднички јазик, па Џеко го продолжи договорот со Рома.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Интер ова лето повторно бара напаѓач и повторно ќе се обиде да го донесе Џеко во Милано, бидејќи Конте смета дека ќе биде идеален партнер на Лукаку во нападот.

Џеко оваа сезона на 32 меча запиша 15 гола и 9 асистенции, но Рома има финансиски проблеми и може да се согласи на негова продажба.

Интер се надева дека ќе успее да го донесе 34-годишниот напаѓач за 15 милиони евра и е спремен да ја понуди таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…