Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер спрема понуда за играчот на Барселона, Франк Кеси.
Кеси минатото лето пристигна во Барселона како слободен агент од Милан, но не ги задоволи очекувањата на тренерот Чави, па главно е на клупата за резерви.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради тоа репрезентативецот на Брегот на слоновата коска сака да ја промени средината, а најсилен интерес за него покажува Интер.
„Нероаѕурите“ ќе се обидат да го доведат Кеси на едногодишна позајмица со право на откуп во јуни 2024 година.
Барселона сака да го продаде и очекува понуди за играчот, но за неговара слобода бара околу 30 милиони евра.