Дома Фудбал Италија Интер спрема „безобразна“ понуда за Конте и буџет од 400 милиони!

Интер спрема „безобразна“ понуда за Конте и буџет од 400 милиони!

Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека новите сопственици на Интер за следната сезона го сакаат Антонио Конте на кормилото, па за таа цел спремиле „безобразна“ понуда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новите сопственици на „нероаѕурите“ имаат големи планови за следната сезона и сакаат да го вратат Интер на врвот на италијанскиот и европскиот фудбал, па го одредиле Антонио Конте како идеален предводник.

За да ја оствари таа цел, односно за да го „украде“ Конте од Челзи Интер спремил понуда тешка 60 милиони евра, односно четиригодишен договор со кој Италијанецот би заработувал 15 милиони по сезона.

Притоа за да го убедат Конте да се врати во Италија ќе му дадат одврзани раце на трансфер пазарот и буџет од неверојатни 400 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

РЕАЛ МАДРИД ИЛИ БАРСЕЛОНА: Хулијан Алварез одлучи каде сака да ја продолжи кариерата!

Хулијан Алварез одлучи каде сака да ја продолжи својата кариера. Како ПАМЕТНО да типувате …