Дома Трансфер зона Интер се спрема за јануари, на мета се две имиња – стопер и играч за врска

Интер се спрема за јануари, на мета се две имиња – стопер и играч за врска

Спалети би можел да добие засилување во одбраната и средниот ред.

„Неораѕурите“ во одлично темпо заминаа на репрезентативна пауза – четири победи во низа во Серија А и максимален учинок во Лигата на шампионите (две од две), ваквата ситуација му дава надеж на Интер дека ќе има добра сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За да останат конкуретни потребни им се засилувања во преодниот рок, а наводно мети се Ектор Ерера од Порто и Јоаким Андерсен од Сампдорија.

Мексиканецот од Порто од поодамна е желба и псотои голема шанса овој трансфер да биде реалииран бидејќи неговиот договор со тимот од „Драгао’ истекува наредното лето, па јануари е последната шанса на Португалците да заработат од неговото заминување.

Данецот Андерсен одлично игра за Сампдорија на позиција стопер, неговиот тим прими само четири погодоци во Серија А, а тој е неизоставен дел од одличната одбрана.

Управата на Интер во него гледа „нов Скиниар“, а општо познато е дека често пати поминуваа добро со трансферите на клубовите од Џенова.

Примери за тоа се Тиаго Мота, Диего Милито и најновиот случај со Скиниар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…