Како што стојат работите и според она што се најавува од италијанските медиуми Интер летово распродава се што е вредно во тимо.
Замина Хакими, Лукаку е пред трансфер во Челзи и се чека потврдата за тој трансфер, а сега се најавува дека ќе замине и Лаутаро Мартинез. Според последните информации на дел од италијанските медуми и островскиот „Тајмс“, Лаутаро Мартинез има договор со Тотенхем.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наводно, Тотенхем на Интер ќе му плати сума од 60 милиони фунти за Аргентинецот кој би го заменил Хари Кејн. Англискиот репрезентативец веќе подолг период се поврзува со заминување, фаворит за неговиот потпис е Манчестер Сити.
Ако заминат Мартинез и Лукаку тоа ќе биде вистински шок за навивачите кои минатата сезона конечно дочекаа Скудето после долги години, па очекуваа тимот да го подига квалитетот, а не да се распаѓа.