Дома Фудбал Италија Интер летово заработи 175, а потроши 12.5 милиони евра

Интер летово заработи 175, а потроши 12.5 милиони евра

Свесни се во Интер за финансиските проблеми кои ги имаат, а буџетот до некаде го „средија“ преку трансфери.

Шампионјот на Италија се откажа можеби од двајцата клучни играчи во минатата сезона, Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер Лукаку го продаде на Челзи за 115 милиони евра, додека Хакими премина во ПСЖ за 60 милиони евра. Од два трансфери „нероаѕурите“ така заработија 175 милиони евра, а не е исклучено до крајот на преодниот рок да продадат уште некого.

На засилувања од друга страна потрошија нешто повеќе од 12 милиони евра. Место Хакими доведен е Дензел Дамфрис од ПСВ, а Џеко го наследи Лукаку. На нив Интер потроши 12.5 милиони евра. Џеко беше доведен бесплатно и Интер ќе треба да и плати на Рома само 1.5 милион евра ако клубот избори пласман во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Убава приказна од Италија: Фабрегас со Комо пред промоција во Серија А!

Eдна убава приказна која ја води славниот Сеск Фабрегас може да биде испишана во вториот р…